Свет
20. May 2017 - 10:41

Јеменските шиитски бунтовници изведоа неуспешен ракетен напад врз Ријад

Јеменските шиитски бунтовници Хути истрелале балистичка ракета кон саудискиот главен град Ријад, која била пресретната и уништена од противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија.

Саудиската армија соопшти дека ракетата била уништена над ненаселено подрачје на 180 километри југозападно од Ријад и не предизвикала никакви материјлани штети.

Како одговор на обидот за ракетен напад врз Ријад, саудиските сили извршиле воздушен напад врз реонот од каде била лансирана ракетата, во близина на јеменскиот главен град Сана.

Обидот за ракетен напад бил извршен неколку часа пред почетокот на официјалната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Суадиска Арабија, кој утрово допатува во Ријад.  

Саидиска Арабија ја предводи коалицијата на арапските држави од Персискиот Залив, која врши воздушни напади врз позициите на шиитските бунтовници во Јемен, за кои тврди дека се поддржани од Иран.