Свет
24. јуни 2019 - 10:16

Јеменски бунтовници нападнаа саудиски аеродром, еден загинат и 21 ранет

Јеменското бунтовничко движење на Хутите нападна синоќа цивилен аеродром во јужниот саудиски град Абха.

Еден човек загина и 21 се ранети.

Саудиски медиуми јавија дека нападот бил извршен околу 21 часот по локално време. Не е јасно какво оружје е користено во нападот.