Свет
27. December 2015 - 12:54

Јемен: Најмалку 31 лице загина во судири

Најмалку 31 лице загина во борби меѓу шиитски бунтовници и провладини сили во Јемен, соопштија денеска претставници.

До судирит дошло во југозападната провинција Таиз, а меѓу загинатите се и осум цивили.

Бунтовниците од редовите на шиитските Хути, исто така го блокирале испорачувањето на хуманитарна помош во Таиз, кој го држат провладините сили.

До судирите дојде и покрај најавите за примирје, а новиот круг мировни преговори под покровителство на ОН треба да се одржи на 14 јануари.