Балкан
4. April 2016 - 19:10

Јелена секој ден се грижела за својата мајка: Сега Зора седи неподвижна и гледа во една точка

Во семејната куќа на трагично настрадатаната млада пејачка Јелена Марјановиќ Крсмановиќ (33), чие исчезнување е пријавено во саботата, а безживотното тело со видливи повреди на главата е пронајдено во канал меѓу врбите ден подоцна, сега е место на тага и болка.

Тажната сцена во Борча. Мајката на пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ Зора седи во црнина, стуткана, без глас и без желба да продолжи да живее. Луѓето од соседството и натаму пристигнуваат во голем број за да изразат сочуство и да кажат по некој утешен збор.

-Ова е страшна трагедија. Јеца беше прекрасна девојка, никогаш никого не подгледна лошо. Мајка и пред некој ден излезе од болница, незнам како ќе биде сега. Јелена и доаѓаше секој ден во посета, да и донесе се што и треба. Таа беше единица, не знам како Зора ќе може да ја истурка оваа неподнослива болка и недостаток, рече еден од пријателите блзиок со семејството Марјановиќ, за кое сите во местото имаат само пофални зборови.