Балкан
4. May 2016 - 22:00

Јелена сакала да го остави Зоран пред смртта бидејќи и бранел...

Јелена Марјановиќ сакала да го напушти пеењето, и како оправдување наведувала дека сака да се посвети исклучиво на детето, открива близок извор на истрагата.

Убиената пејачка Јелена, пред смртта сакала да се откаже од бројните настапи и да ја напушти музичката кариера, за повеќе време да поминува со својата 5 годишна ќерка Јана, на што нејзиниот сопруг се противел.

Јелена сакала да живее семеен живот додека Зоран бил одлучен за таа да продолжи со кариерата.

- Јелена сакала да ја напушти кариерата, но Зоран инсистирал да остане за музичката сцена. Таа на никому не се поверувала ниту откривала вистински причини. Како оправдување наведувала дека сака да се повети исклучително на детето. Има индиции дека била под притисок од сопругот и дека била приморана да пее и дека поради тоа сакала да го остави, како и нивните чести расправии поврзани со тоа.

Со оглед на тоа дека дошло до сонеж дека убиецот на Јелена е некој од блиските познаници на Зоран, тој може да биде повикан повроно на инофрмативен разговор  во Полиција.