Џет-Сет
3. May 2018 - 20:53

Јелена Розга наскоро пред олтар? Пејачката со овој потег ги воодушеви сите

Пејачката Јелена Розга привлекува внимание каде и да се појави, а во последно време, откако ја раскина љубовната врска со музичарот Стјепан Хаусер со кој беше свршена, почна да се облекува поровокативно, па сите ги интересира дали наскоро некому ќе му се заколне на вечна љубов. Всушност, тоа би можело да се случи во скоро време…
 
Имено, убавата пејачка присуствуваше на свадбата на својот басист, каде што го фати бидермаерот на невестата, а традицијата налага слободната девојка што ќе го фати букетот да е следната што ќе излезе пред олтар. Јелена го сподели овој миг со своите следбеници на Инстаграм, а тие се воодушевија.
 
„И така… Букетот е мој!“, порача Розга.
 
Дали ова „правило“ навистина ќе се оствари во случајот на популарната пејачка, оставнува да видиме.