Џет-Сет
11. February 2018 - 21:39

Јелена Карлеуша се отпишала од гимназија иако била добар ученик: Повеќе пеев отколку што учев!

Гостувајќи во една емисија Јелена Карлеуша одлучи да сподели со јавноста приказна за своето образование, бидејќи во повеќе наврати истакна дека е единствена личност во нејзината фамилија која не завршила факултет.

-По основното училиште запишав средно - гимназија, па се испишав од гимназија и вонредно завршил туристичко и музичко училиште, рече Јелена и тогаш Саша Поповиќ ја прекина со прашањето:

-Се отпиша од гимназија?

-Така е, зошто почнав да пеам. А бев најдобар ученик, но на 16 го снимив мојот прв албум и моето школување се претвори во пекол. Остатокот од моето образование морав да го надоместам сама, призна Карлеуша. за потоа на шега додаде дека е „црна овца во семејство на академски граѓани“, поради тоа што не може да се пофали со факултетска диплома.

-Средно училиште како да не сум ни завршила. Повеќе пее отколку што бев на училиште, заклучи пејачката.