Македонија
18. јуни 2019 - 16:25

Јазот помеѓу богатите и сиромашните слабо се намалува

Бавно се намалува јазот меѓу сиромашните и богатите. Прогресивниот данок, зголемувањето на минималната плата и социјалната помош даваат првични резултати, но нееднаквоста во земјава и натаму е голема. Државата најавува дека ќе има и нови мерки. Пред избори се најавуваше поголем данок на имот за лицата кои имаат повеќе, данок на луксуз,  но засега е неизвесно кога би можело да се очекуваат вакви мерки.

Според народна банка, нееднаквоста е глобален проблем, и за разлика од некои држави каде таа по глобалната криза расте, но земјава стагнира.

Како до поправеден систем за сите – е темата и на состанокот на констиутиенацата  на ММФ и Свтеска банка која викендов ќе се одржи во Скопје. Ова е најголем финансиски настан досега кој се одржува во земјава. ќе присуствуваат троцја потпртеседатели на Светската банка, професори, гувернери и финансиски претсваници на повеќе институции од 15 земји.