Македонија
13. August 2019 - 16:52

Јазиците на малцинствата како изборен предмет во училиштата во Центар од септември

Српскиот јазик и култура ќе се изучува како изборен предмет во трето одделение во опшина Центар. Од оваа учебна година во сите 7 основни училишта ќе се формираат паралелки за изучување на овој јазик два пати неделно. По 12 години МОН одлучило повторно да ја врати можноста за изучување на други јазици како факултативни предмети. Општина Центар по добиената иницијатива за српски јазик, во јуни спровела анкета за интересот кај второоделенците.  Се пријавиле 153 ученици од различни етнички групи.

 „ Наиде на многу голема поддршка кај етничките заедници и почнаа да бараат до општините. Не значи дека ќе учат само од етничките заедници, туку дава можност на сите кои сакаат да го изучуваат тој јазик. Од 540 деца, дури 154 се пријавиле да го изучуваат српскиот јазик и култура. Што покажува дека не се само од српската заедница . Потоа пристигнаа барања и за бошњачки, турски, влашки. Два часа неделно на својот мајчин јазик. Почнува од 3 одделение и натаму ќе се зголемува. Веќе се најдени наставници.

 Интерес има и за рускиот јазик а не се исклучува можноста доколку биде побарано да се воведат  и други изборни јазици.

„ Не можеме да спроведеме анкета доколку не пристигне барање. И за руски правевме анкета. Врз основа за тоа колку деца , ќе се спроведува. Има и одредена активност, самите амбасади или културни центри ангажираат наставници и е дозволено да биде како изборен јазик. Поширок спектар, не само етничките и други јазици. “

Општина Центар е прва скопска локална самоуправа која го спроведува овој проект за факултативни јазични предмети. Богдановиќ тврди дека ангажирањето на овие наставници нема да биде на голем трошок на оштината. До сега нема информација дали вакви барања се пристигнати во други општини. Со посебна иницијатива, може да се формираат  паралелки за целосно да изучуваат настава  на еден од јазиците на етничките групи.