Јавното обвинителство отвори истражна постапка за висок функционер во Струмица
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно службено лице носител на висока функција во општина Струмица, поради основано сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-Осомничениот во 2010 година во исти ден повластувајќи исто правното лице од Струмица склучил четири посебни Договори со вкупна вредност од 1.029.549,оо денари за асфалтирање на една иста улица во населено место во општина Струмица, наместо да спроведе една транспарента постапка за јавна набавка со објава на оглас за доделување на договор, истовремено распишал и спровел четири одвоени постапки за прибирање на понуди без оглас и покрај законската забрана за делење на договор за јавна набавка на повеќе посебни договори со пониска вредност, со што ги изиграл одредбите од Законот за јавни набавки на штета на Буџетот општината, соопштуваат од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација