Македонија
17. February 2021 - 16:38

Јавноста поделена околу етничката припадност во личните карти

Шефот на државата Стево Пендаровски не се согласува во личните карти да стои етничката опредлба, но доколку партиите сепак се усогласат и донесат такво законско решение тој ќе го потпише указот.

„Лично не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти. Не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност. Мене не ми пречи, не мислам дека тој закон ако биде донесен со таква одредба ќе ја растури државата, ниту дека ќе има негативни последици“, вели Пендаровски во интервју за МКД.мк.

Во јавноста пак, излзезе мислење од седница на Влада од 9 февруари во кое е нејасно дали се подржува ваквата идеја.

„Во Македонија не е предвидена постапка за утврдување на националноста, односно етничката припадност на граѓаните, пред сѐ заради фактот дека станува збор за лично чувство за припадност на одредена заедница на граѓанинот. Нема посебна евиденција која е во надлежност на одредена институција од каде би можело да се добие наведениот податок“, се вели во мислењето на Владата.

Од таму појаснуваат дека последните изјави на премиерот Заев дека решението е прифатливо се негови политички ставови.

Во меѓувреме од БЕСА, партијата од која произлезе ваквиот предлог, појаснуваат дека етничката графа планираат да се однесува само за за оние граѓани што се припадници на заедниците опфатени со Преамбулата на Уставот.

По ваквите ставови, од пратеничката група на СДСМ најавуваат нивни амандмани за да се пдообри шрешнието, а пополнувањата на графата да биде право на избор.

Решението иако првично бешпе прифатливо и за опозциската ВМРО-ДПМНЕ бидејки според нив тоа ќе значи зачувување на македонскиот идентитет, сепак условот да се поддржи Законот е во личните карти да не стои „северна“.

Законското решение засега е блокирано со 1200 амандмани на Левица.