Македонија
22. November 2019 - 16:40

Јавноста бара одговорност за негователката, последиците од насилството видливи по телото на двегодишното дете

Видливи повреди на лицето и вратот има 2г. детенце кое беше тепано од жената задолжена да го чува. Роднина објави фотографија на која се гледаат модринки и гребнатини . Мајката на трите дечиња кои можеа да се забележат на скандалозната  снимка во игротеката, за Сител вели дека и покрај траумата децата засега се во стабилна состојба. Не очекувала дека негователката која веќе една година била  плаќана  да се грижи, таа да ги малтретирала децата. Според мајката среќа во несреќа е што снимката излегла во јавност бидејќи можеле да се случат полоши работи.

Блиски на семејството апелираат да ги контактира  секој кој го забележал насилството бидејќи дадилката секојдневно ги шетала децата во населбата Аеродром.

Се моли секој кој имал прилика да ја види како ги тепа децава да остави тел. контакт во порака. Вакво зло не смее никогаш повеќе да се повтори. 

59 годишната негователка е приведена и задржана во полициска станица. Јавен обвинител постапува по случајот со насилството врз 2г детенце. Јавноста а и родителите на децата дознаа преку видео снимката од игротека во Аеродром, на која се гледа како дадилката му удира шамари, го влече и гуши детенцето во неколку наврати, додека другите дечиња кои се лизгаат на игралиштето, немо гледаат во неа.

Случајот предизвика лавина реакции од јавноста и политичарите. Министерката за труд и социјала смета дека ваквото насилство кај децата на таа возраст понатаму може да предизвика губење на нивниот потенцијал но и да се стекнат со одредено насилно однесување. Царовска вели со закон се утврдени лиценци за негователки но родителите практикуваат за нивните деца да се грижат познаници.

- Во законот постои опција физичко лице да добие лиценца за грижа, но често родителите одлучуваат лица блиски до нив да бидат негуватели и не избираат лиценцирани воспитувачки и негователки во нивните домови. Ги потикнувам родителите, има организации и компании кои вработуваат само лиценцирани негователки и токму затоа ниту во законот за детска заштита гарантиравме дека физичко лице може да се стекне со лиценца и да работи професионално во оваа област, вели Царовска 

Македонската асоцијација на дадилки со осуда за бруталното насилство врз 2г дете и понудија стручна помош на родителите. Потенцираат дека законот за заштита на деца е менуван неколку пати но се уште не дава применливо и соодветно решение особено во домашното згрижување на деца. Според законот за лиценца за дадилка е потребно само кандидатот да има завршено средно образование и полагањето не е доказ за знаење, вештини и компетенции на една личност. Кандидатите доставуваат и лекарско уверение но од асоцијацијата се прашуваат колку е тоа меродавно за некој да чува деца.

„Негувателка на деца“ која ја спроведува нашата Асоцијација, имавме кандидатка со уредни медицински наоди но сепак од страна на менторите беше оценета како личност која не исполнува услови за чување и нега на деца. Истата личност не се стекна со диплома за „Негувателка на деца“,но во моментот има поднесено документација за полагање на лиценца при Министерство за труд и социјална политика. Бидејќи ги исполнува условите, оваа кандидатка утре ќе се стекне со лиценца и ќе работи со деца. Кој тогаш ќе ја сноси одговорноста?