Македонија
14. July 2015 - 19:15

Јавните настапи на ликовите како Саше Политико се новата тактика на неинвентивниот СДСМ

Оние кои јавно провоцираат и омаловажуваат а при тоа  попречуваат настани, секаде во светот наидуваат на жастока реакција од службите за безбедност.

Секој оној кој се обидува на јавен настан да навредува или омаловажува некој од светските лидери, завршува спакуван од обезбедувањето.

Ваквото нецивилизирано однесување стана пракса на делување на СДСМ, кои преку својот пулен Саше Ивановски, кои себеси се нарекува Саше Политико, постојано упаѓаат на настани кои се обидуваат да ги попречат а понекогаш и физички се пресметуваат, како во случајот со Јанко Илковски.

Освен политичари и новинари, жртви на Ивановски се и останати познати јавни личности како пејачи и професори но и свештени лица.

СДСМ се засили и со уште двајца свои активисти кои му помагаат на Политико во попречувањето на настани. Ѓуго Кешкец, активист на СДСМ кој е вработен во партијата, му помагаше на Ивановски и заедно го попречуваа настанатот на кој говореше граданачалникот на Скопје. Во Струмаца пак, соработничката на Заев Катерина Бубулова попречуваше прес конференција на советниците од општината.

СДСМ повторно ја потценува интелегенцијата на граѓаните, откако нивните активисти дрско и незивилизирано ќе нападнат, веднап потоа преку медиумите на Сорос глумат жртви на некаква обесправеност или дискриминација.

Ваквото однесување не само што нема никва врска со слободата на изразувањето, туку спротивно тоа претставува загрозување на слободата на изразување, и токму затоа нигде во светот не се толерира.

На запад, луѓето како Политико, Кешкец и останатите кои упаѓаат на настани ги нарекуваат Хеклери. А оние кои сакаат да хеклаат, никогаш не поминуваат добро кога ќе го нападнат Барак Обама.

Истото ви се случува и ако сакате да ја навредувате германската Канцеларка Ангела Меркел.

И оние кои ја напаѓаат Хилари Клинтон, не поминуваат ништо подобро.

Во Америка, Германија, Британија сосема е легитимно лицето кое ги попречува настаните и се однесува непристојно да биде отстрането од настанот кој го попречува, во најголем број на ситуации и со употреба на сила. И никој тоа не го скандализира.