Македонија
6. January 2021 - 8:28

Јавниот превоз во Скопје денеска и утре по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека јавниот превоз денеска и утре ќе сообраќа по неделен возен ред.

Денеска дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во Ѓорче Петров.

Како што информира ЈСП, во четврток, за Божиќ, билетарниците нема да работат.