Македонија
31. July 2017 - 15:51

Јавниот долг намален за 0,3 проценти

Јавниот долг според последните податоци на Министерството за финансии е намален за 0,3 проценти.

Како што информираа за МИА од Министерството за финансии денеска ќе бидат објавени податоците за состојбата на долгот на нивната веб страница.  

- Министерството за финансии има политика за активно управување со јавниот долг со цел финансирање на потребите на државата со најниски трошоци, односно по најниска каматна стапка, појаснуваат од МФ.

Неодамна Министерството за финансии го објави и скриениот долг на државата, кој заклучно со 31 мај изнесува 363 милиони евра, но додаваат дека по објавувањето на доспеаните, а неплатени обврски од страна на државните институции стигнале дополнителни информации од дел од институциите кои ги немале доставено и долгот изнесува 364 милиони евра. 

- Како што веќе беше најавено, Министерството за финансии заедно со Сватска Банка работи на акционен план како за решавање на овој долг, така и за превенирање ваква ситуација во иднина. Дополнително МФ работи на создавање софтвер кој во реално време ќе ги покажува информациите за обврските, со цел тие навремено да бидат исплатени. До сега Министерството немало увид во овие информации, првпат и беа побарани од институциите и обелоденети во јавност. Ова е прва иницијатива за трајно решавање на проблемот и спречување тој да се појави во иднина, истакнуваат за МИА од Министерството за финансии.