Македонија
5. December 2018 - 21:33

Јавната дебата за уставните измени стартува во владата

Владата ја стартуваше првата од петте јавни расправи за уставните измени. Премиерот Заев вели дека е задоволен што расте јавната поддршка за Договорот од Преспа и што граѓаните стануваат свесни дека неговата имплементација ќе ги отвори преспективите на земјава за членство во НАТО и ЕУ. Најдобра гаранција дека Македонија се движи во правилна насока според Заев е фактот што  уставните измени нема да стапат на сила се додека Грција ќе го исполни својот дел од договорот за ратификација на протколот за пристапување на Македонија кон НАТО.

Според професорот Љубомир Фрчковски, амандманите за промена на највисокиот правен акт не го загрозуваат ниту граѓанскиот ниту идентитескиот карактер на државата. Смета дека Охридскиот рамковен договор треба да биде дел од македонскиот устав, но не начин како што е предвидено со амандманот 34. 

На првиот ден од јавната расправа професорите и граѓанските здруженија посочија и конкретен предлог за промена на амандманот 36. Според нив ставот 3 во кој се вели дека Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кој живее во странство треба да се замени со зборот дијаспора.

Јавната расправа за устаните измени утре ќе продолжи во Универзитетот ФОН, а во петок пред Македонската академија на науките и уметностите. Последниот ден во понеделник дебати ќе се организираат и во Тетово и Штип. Целта е да се вклучат повеќе професори и граѓани кои сакаат да дадат свој продонес кон подобрување на текстот на амандманите кои потоа повторно се враќаат во Собранието.