Македонија
17. May 2016 - 16:40

Јавна соба и арт и дизајн при ЕУРМ во четврток почнуваат меѓ. конференција за дизајн образованието

Во соработка со Дизајн центарот Јавна Соба и Факултетот за арт и дизајн при европскиот универзитет во четврток почнува дводневната меѓународна конференција посветена на дизајн образованието. Преку анализа на досега спроведени истражувања во оваа област на европско ниво, конференцијата претставува одлична можност за размена на искуства со кои во иднина ќе се подобрат студиските програми на високообразовните институции во тек со европските и светските стандарди.

-Би сакале нашите студенти уште подобро да ги поттикнеме да ги научат претприемничките вештини. Да научат својот производ кој ќе го создадат и да го продадат и мислам дека тоа е главната цел на оваа конференција, рече проф. м-р Јана Манева Чупоска, декан на Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ.

 Дел од конференцијата ќе бидат реномирани европски, дизајнери, професори, компании и менаџери кои ќе ги пренесат досегашните искуства од својата област, но и ќе придонесат со конкретни предлози што треба да се промени.

-Од анализите кои досега ги направивме покажаа дека степенот на дизајн секторот моментално во Македонија не е толку различен од оној во кој се наоѓаат дизајнерите на пример во Хрватска, Србија и Австрија, рече Александар Велиновски од дизајн ценатрот Јавна соба.

Конференцијата започнува во Јавна соба во четврток во 17 часот, а продолжува во петок наутро на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет. Влезот за сите заинтересирани ќе биде бесплатен.