Македонија
15. јуни 2021 - 21:26

Јавна соба 2 уште во предистражна постапка - Невладините бараат епилог на случајот на педофилија

Пола година помина, а случајот познат во јавноста како јавна соба 2 се уште е заглавен во правосудните лавиринти. Предметот е во предистражна постапка, иако уште во јануари годинава беше обелоденето дека групата во која се постираат фотографии со експлицитна содржина од девојки и жени е повторно активна. Од обвинителството велат дека имаат објектива причина зошто предаторите се уште не седнале на обвинителна клупа.

Но активистката од невладината Коалиција Маргини Ирена Цветковиќ, освен што алармира дека надлежните спијат, смета и дека уште од почеток истрагата се води во погрешна насока.

Цветковиќ ги охрабрува жртвите од овој и слични настани да не молчат, туку да пријават кај  надлежните.

За разлика од Јавна соба 2, случај за кој епилог нема, обвинителството пред 4 месеци,  покрена обвинение против креаторот и администраторот на Ланската Јавна  соба. Двете лица кривично ќе одговараат за производство и дистрибуција на детска порнографија. Инаку невладиниот сектор преку протести повеќе пати побараа  институционална одговорност за случајот, кој за жал е проблем и во светски рамки.