Македонија
4. January 2017 - 7:50

Јавна седница на ДКСК

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи јавна седница.

Членовите на Комисијата ќе ги разгледаат поднесените приговори во врска со член 8-а од Изборниот законик од Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија-Скопје, преку овластено лице Стевица Јосифовски против Министерството за правда, АД Македонска пошта, подружница ГЦПС Скопје 2, НУ „Театар за деца и младинци“ и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата ќе бидат разгледани и приговорите во врска со член 8-а од Изборниот законик од Наталија Белчевска од Валандово против Агенција за вработување на Република Македонија. дма/са/07:48