Македонија
18. March 2019 - 8:26

Јавна расправа за законот за Агенција за национална безбедност

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ќе одржи јавна расправа по Предлог законот за Агенција за национална безбедност и Предлог законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија.

На Јавната расправа, како што информираат од собраниската прес-служба, поканети се претставници од различни организации, институци и експерти од областа на одбраната и безбедноста да дадат свои мислења и ставови во врска со предлог-законите.