Македонија
30. October 2015 - 8:31

Јавна расправа за третман на отпадни води и мил

Јавната расправа на тема „Проценка  на можните решенија за третман на отпадните води и милта и препорачани техничко-технолошки решенија“, денеска ќе се одржи во Скопје во рамки на проектот „Студијата за финансирање, изградба и работа на пречистителната станица за отпадни води за Град Скопје – Република Македонија“.

На јавната расправа ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, амбасадорот на Франција во Македонија Лоренс Оер и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.