Македонија
1. October 2020 - 16:52

Јавна расправа за состојбата на лозарите на барање на опозицијата

Откупните цени се под европскиот просек, државната помош е недоволна, а нема гаранција дека откупеното грозје ќе биде и платено од винариите. Лозаропроизводителите се пожалија на јавната расправа во парламентот за состојбите со лозарството во оваа ковид сезона. Најголем дел од винариите пак, го откажале своето учество на дебатата која Собранието ја организираше на барање на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата велат дека Владата ги манипулира лозарите, тврдат дека годинава грозјето ќе скапе на нивите, а догодина лозјата ќе бидат ископачани.

Од владата пак тврдат дека помошта е зголемена. Мерките не се совршени, но се најдобри за сезонава.

Хоџа објави дека до денеска винариите и откупните центри откупиле 90 милиони килограми грозје што се доближува до откупената количина од лани.