Бизнис
4. May 2018 - 8:48

Јавна расправа за Предлог законот за енергетика

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања.

На дневен ред на седницата е јавна расправа по Предлогот на закон за енергетика.

Седница ќе одржи и Комисијата за транспорт, врски и екологија на која ќе се разгледа Извештајот на Европската Комисија за Република Македонија за 2018 година и Комисијата за култура на која ќе се расправа по Предлог  одлука за организирање надзорна расправа за статусот на Охрид и охридскиот регион како светско природно и културно наследство.