Македонија
11. April 2018 - 8:44

Јавна расправа за младински прашања во Собранието на РМ

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи јавна расправа на Клубот на младински прашања и политики на тема „Дали и каков закон за млади ни треба“ и седница на Комисијата за одбрана и безбедност. 

Комисија за одбрана и безбедност на седницата треба да расправа по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за класифицирани информации,Законот за управување со кризи, Законот за заштита и спасување, поднесени од група пратеници и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Сите предлог закони се во второ читање.