Јавна расправа на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието денеска ќе одржи јавна расправа за Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост.
На расправата се поканети пратениците на Собранието, министeрката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претставници на координаторките за еднакви можности на министерствата и локалните комисии за еднакви можности и од други институиции како Народен правобранител, Комисија за заштита од дискриминација, Државен завод за статистика, ЗЕЛС, Канцеларијата на Националниот механизам на жртви на трговија со луѓе при МТСП, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), ОБСЕ, Делегација на ЕУ, претставници на НВО-секторот од оваа област, експерти…
На јавната расправа ќе биде презентирана и Евалуацијата на Стратегијата за родова еднаквост 2013 – 2020 година, во рамки на проект на МТСП со UN Women.
Во Собранието за денеска е закажана и седница на Комисијата за одбрана и безбедност, на која на дневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство на Република Македонија, по скратена постапка – второ читање.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто