Бизнис
6. December 2018 - 19:46

Јавна дебата за прогресивниот данок: Се бара одлагање за пет години

Бизнис заедницата и на јавната дебата во Собранието повтори дека е против Законот за прогреивен данок и даночната реформа на Финансии. Стопанството бара одлагање на реформата за пет години. За некои од ставките, како данок на банкарска камата, се бара да се одложат до влегувањето на Македонија во ЕУ.

Најпогоден е ИТ секторот чии вработени имаат високи плати, но тоа е така поради дефицитот на вработени.

Според бизнис заедницата, Законот нема да ги даде ефектите кои Финансии сака да ги постигне. Оваа мерка ќе придонесе во се поголемиот одлив на мозоци од држвата.

Се зборува за држави со 40 % данок на доход во некои земји, но таму има фунцкионално јавно здравство............

Претставниците на бизнисот велат и дека оваа реформа ќе го намали бројот на странски инвестиции. Екс гувернерот Гошев вели дека тие работат со многу поголеми бенефиции од македонските фирми.

Дел од даночните експерти сметаат дека даноците не се многу важни во водењето бизнис. Туку најважни се стабилноста и квалификуваниот кадар.

Законот за прогресивен данок треба да стапи во сила од почетокот на следната година. Реформата наиде на остри критики во јавноста, особено од стопанството.