Јавна дебата за креирање младински политики
„Градење локални капацитети за креирање младински политики“ е темата на јавната дебата што ќе се одржи денеска во Пробиштип.
Дебатата е дел од истоимениот проект, финансиран од Европската унија. Го имплементираат Фондацијата за претприемачки сервис за млади и Фондацијата Евро центар во соработка со општините Чашка, Пробиштип и Старо Нагоричане.
Учесници на дебатата ќе бидат претставници од Општина Пробиштип кои работат на креирање младински политики, претставници од граѓанските организации, како и млади луѓе од општината.
По јавната дебата во Пробиштип, до крајот на месецов ќе се одржат уште две, во Старо Нагоричане и Чашка. Целта на дебатите е разгледување на предлог-мерките од спроведеното истражување за потребите на младите во трите општини, како и дефинирање сет мерки за секоја општина. Трите општини ќе бидат директни корисници на шест пилотирани мерки директно насочени кон подобрување на состојбата на младите. Ќе се имплементираат од страна на граѓанските организации, а ќе се финансираат преку грантови од проектот.
Проектот „Градење локални капацитети за креирање младински политики“ предвидува формирање три заеднички форуми составени од претставници на општините, граѓанските организации и млади луѓе кои ќе бидат фокусирани кон дефинирање и следење на имплементација на локалните мерки.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок