Македонија
20. October 2017 - 17:24

Јавна дебата за измените во Законот за дискриминација

Новиот предлог закон за заштита од дискриминација предвидува поефикасно решавање на претставките упатени до  Комисијата за заштита од дискриминација унапредување на нејзината работа и дефинирање на нејзините надлежности. Нацртот  на педлогот денеска беше ставен на јавна расправа. Преодна оценка  за измените даде Маргарита Цаца , експерт и поранешен судија во Судот за човекови права во Стразбур.

И од  невладините  сметаат дека со измените се надимуваат  некои недостатоци од постојниот закон

Од Министерството  труд и социјална политика посочуваат дека  со  новиот предлог закон ќе се надминат недореченостите,  но дека за целосна имплементација на законот  е потребна и зголемена јавна свест која се  гради преку образовниот систем, меиумите но и внатре во семјството. Според ОБСЕ потребна е  професионализацијата на Комисијата со стручна служба, но и изработка на национална база на податоци во оваа област.