Јавен повик за пријавување штети на земјоделски насади во Ресенско, предизвикани од ниските температури
Општина Ресен денеска објави јавен повик за пријавување штети на земјоделските насади предизвикани од ниските температури што во периодот од 21. до 23. и на 27 април го зафатија регионот.
- Општина Ресен ги повикува граѓаните кои сметаат дека ниските температури што ја зафатија општината во периодот од 21-ви до 23-ти и на 27 април и им нанесоа материјална штета на земјоделските насади да пријават во просториите на Општината, соопшти општинската прес-служба.
Заинтересираните граѓани пријава може да добијат во општина Ресен или на веб страницата www.resen.gov.mk. Со пријавата, како што е наведено во јавниот повик, потребно е да се достави копија од имотен лист или од договор за закуп, доколку имотниот лист не е на име на барателот, како и копии од лична карта и од трансакциска сметка.
Штетите може да се пријавуваат секој работен ден од 10 до 15 часот од денеска до 25-ти овој месец.
Ново на Сител
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд, грмежи и ветер