Македонија
12. August 2016 - 16:01

Јавен повик за избор на младинскиот претставник во УО на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан

Јавен повик за избор на младинскиот претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан, која се очекува да започне со работа на 1 јануари 2017 година по повод Меѓународниот ден за млади најави денеска Агенцијата за млади и спорт.

Од Агенцијата информираат дека канцеларијата е резултат од потпишаната Меѓународна спогодба за нејзино воспоставување, потпишана од премиерите на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово на Самитот за Западен Балкан, на 4 јули во рамки на Самитот за Западен Балкан одржан во Париз, Франција.  
 
- Изборот на младинскиот претставник ќе биде извршен од работна група која по Самитот во Париз беше формирана по Јавен повик од страна на Агенцијата за млади и спорт, која вклучува 67 претставници од младински организации и институции, истакнуваат од Агенцијата.
 
Во текот на 2016 година Агенцијата за млади и спорт ги усвои Националната стратегија за млади 2016 - 2025 и Акцискиот план за имплементација на активностите од НСМ (2016-2017).
 
Од Агенцијата ги повикуваат младите луѓе од нашата држава да го дадат својот придонес во волонтерските акции за помош на семејствата од поплавените подрачја во нашата држава.