Македонија
17. September 2019 - 13:54

Јавен повик за иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на Кратово за 2019 година

Општина Кратово распиша јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на Кратово за 2019 година согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање во третиот квартал од 2019 година.
 
–Во период на повикот сите заинтересирани правни и физички лица можат да достават иницијативи за изработка на урбанистички планови, а предмет на иницијатива може да биде донесување нов урбанистички план, изменување и дополнување на постоечки урбанистички план за конкретен предлог од подносителот на иницијативата, информираат од локалната самоуправа на општина Кратово.
 
Заинтересираните правни и физички лица иницијативите можат да ги достават во писмена форма во архивата на општина Кратово или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам  најдоцна до 29 септември 2019 година.
 
За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативите, а прифатените иницијативи од повикот ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2019 година.