Македонија
3. September 2018 - 14:11

Јавен повик во Кратово за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови

Лoкалната самоуправа на општина Кратово објави Јавен повик за доставување иницијативи за изготвување урбанистички планови на подрачјето на општината за 2018 година.Повикот е отворен заклучно со 27 септември, а истиот е распишан согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање на Република Македонија за третиот квартал до годината.

Предмет на иницијативата може да биде донесување нов урбанистички план, изменување и дополнување или урбанистичко-планска документација за конкретен предлог од подносителот на иницијативата.

Јавниoт повик трае до 27 месецов, а заинтересираните правни и физички лица иницијативите може да ги достават во писмена форма во архивата на општината или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам, во предвидениот рок, информираат од општината.

Оттаму посочија дека за сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во рок од 15 дена од истекот на рокот, а прифатените иницијативи ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2018 година.