Јасновидецoт кој ги предвиде Брегзит и победата на Трамп предупредува: 2018 ќе биде пеколна
Британскиот јасновидец Крег Хамилтон-Паркер, кој успешно ја предвидел победата на Трамп и Брегзит, најавил некои вознемирувачки настани кои, како што тврди, ќе се случат во светот наредната година.
Годинава ќе биде полна со драматични политички превирања и еколошки кризи, кои ќе предизвикаат непредвидливи временски услови, најавил Хамилтон-Паркер.
Предвидел и терористички напад на авто-пат во Велика Британија, револуција во Северна Кореја во која ќе биде отстранет од власт Ким Јонг Ун, и хемиски напад кој ќе биде изведен од дрон на еден од европските градови.
Своите предвидувања за мрачната иднина овој јасновидец ги објавил на својот блог, а меѓу помалку драматичните најави, се нашла и таа дека британскиот принц ќе ја запроси својата девојка, актерката Меган Маркл.
Во новите визии, како што тврди, видел дека Трамп успешно ќе ја избегне постапката за отповикување, а дека во Европа ќе дојде до зајакнување на десницата, посебно во Шпанија, Италија и Франција, што ќе предизвика големи нереди на улиците на тие држави.
Но, најцрни прогнози дал за екологијата во 2018. година, а предивидел и низа еколошки катастрофи.
– Екологијата е на врвот на листата затоа што чувствувам дека во 2018. година ќе се случат досега невидени потреси, вулкански ерупци и големи невремиња – рекол тој.
Најавил дека ќе се активира Везув, поради што жителите на Неапол ќе мора да се евакуираат, а според неговите предвидувања, силен земјотрес ќе го погоди и Нов Зеланд.
Смртоносни пожари во Калифорнија, разорни поплави во Кина и Индија, и страшни урагани кои ќе ги погодат Карибите, исто така се наоѓаат на листата.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите