Loading Video...
Македонија
10. December 2021 - 16:42

Јасни пораки од Софија за нова блокада

Во наредниве денови се очекува да се официјализира новата Влада во Софија, но за Македнија останува прашањето дали тоа ќе значи и шанса за деблокада на интеграциите во ЕУ. Бугарскиот дипломат и експерт по меѓународни односи Кереметчиев не верува дека со промена на власта, ќе има брз пробив за македонските евроинтеграции. Позитивните сигнали кои пред еден месец дојдоа од новиот мандатар Петков за пофлексибилна позиција, според него, ќе бидат ревидирани, иако експертот признава дека Бугарија е под силен притисок на САД и Брисел.

Кереметчиев го оправдува бугарскиот став за одвојување на Албанија и Македонија во пристапниот процес кон ЕУ, бидејќи така ќе се разоткрие дека не е само Бугарија кочничар на процесот, туку и Холандија и Франција кои се против брзо пристапување на Албанија во ЕУ.

Сепак  во крајна линија, тој не верува дека тоа ќе се случи, бидејќи политиката на ЕУ е да ги поврзува кандидатите и да бидат примани заедно, како што тоа беше случај со  Бугарија и Романија, иако двете земји меѓусебно постојано се обвинуваа дека едната ја кочи другата.

Во меѓувреме, Брисел не одобри средства за бугарскиот план за закрепнување и одржливост, со забелешка дека планот не е доволно јасен, ефикасен и транспарентен. Во јавноста ова беше протолкувано и како своевиден притисок врз Бугарија да попушти за Македонија, но привремениот вицепремиер Пеканов ги отфрли ваквите тврдења.