Живот
24. January 2023 - 16:24

Јасмин Алиевски од Скопје „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“, жирито вели оди во финале | ВИДЕО

По се изгледа во најновата сезона на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Македонија има потенцијален кандидат за во финалето, а многумина веруваат дека тој ќе биде и еден од најсериозните учесници за првото место.

Се работи за скопјанецот Јасмин Алиевски, кого јавноста го знае како учесник во ова шоу од пред неколку години, но овојпат неговите досегашни преставувања во оваа сезона никого не оставаат рамнодушен.

Неговиот последен настап беше емитуван во саботното издание на музичкото шоу и очекувано, тој ги освои сите гласови од жирикомисијата и со тоа се пласира во следниот круг.

Јасмин настапи со две песни, првата беше песната на легендарниот Мишо Ковач – „Ако ме оставиш“, а втората беше нумерата „Кад се душе сретну“ на Фатмир Сулејмани.

„Првата песна многу убаво, втората исто така убаво. Интонативно можеше и подобро, но постои нешто во тебе“ – беше коментарот на строгиот Босанац.

„Ѓорѓе и тоа како работел со својот канидадат. Мене многу ми се допадна и заслужено одиш во следен круг“ – искоментира Вики Миљковиќ.

„Беше феноменален. Има една работа која ме воодушевува, а тоа е што сосдаде еден свој мал бренд. Имаш потег кој сум го видел кај Елвис Присли“ – го испофали Мили.

Пофални зборови имаа и останатите членови на жирикомисијата и сите се согласија во едно, а тоа дека Јасмин и тоа како ги заслужи сите гласови.

Погледнете го настапот на Јасмин: