Џет-Сет
17. јуни 2017 - 21:50

„Јас сум изложена на потсмев“- Карлеуша проговори за измамата на сопругот

Иако во нивниот брак се е во ред, турските медиуми неодамна објавија дека Душко Тошиќ ја мамел Јелена Карлеуша.

Имено, медиумите пренесоа дека Душко поп пејачката ја мамел со мистериозна бринета, која всушност му е вереница на неговиот пријател, а во ноќта кога се сликани, сите заедно ја прославувале победата на Бешикташ по важниот натпревар. Јелена Карлеуша беше погодена од написите во турските медиуми.

-Ние поминавме низ еден многу стресен период, каде беа повредени и сатанизирани тие луѓе, ни криви ни должни, и Душка и јас сум изложена на потсмев, рече Јелена која секојдневно се бори со медиумскиот притисок.