Свет
3. July 2016 - 10:12

Јарослав Качински реизбран за лидер на владејачката во Полска партија „Право и правда"

Конгресот на полската владејачката в партија „Право и правда" го реизбра нејзиниот лидер Јарослав Качински, кој беше единствен кандидат, јави ТАСС.

Во изјавата по изборот, Качински истакна дека партијата е „центарот за рационално размислување не само за Полска, но и за Европа". Давајќи оценка за одлуката на Велика Британија да излезе од ЕУ, Качински рече дека тоа „дезинтеграција, која предизвикува загриженост".

Во сегашната ситуација во Европа, според него, Полска треба да понуди реинтеграција, нова интеграција, која ќе стане можна по спроведувањето реформи во ЕУ. - Не треба да дозволиме ЕУ да се распадне, истакна Качински, познат како евроскептик.

Според статутот на „Право и правда" претседател се избира на конгрес, на секои три години. Качински е на чело на партијата од 2002 година.