ЈАР: Фрлена бомба врз автобус со рудари, шестмина изгореа
Шест рудари загинаа во Јужноафриканската Република, кога непознати напаѓачи фрлиле бомба врз автобусот кој ги превезувал, соопшти денеска полицијата на таа земја.
- Шест работници изгореа до непрепознатливост, а другите морале да бегаат низ прозорците. Не знаеме кој е мотивот на нападот, се неведува во соопштението на секретарот на Националното здружение на рудари (НУМ) за североисточниот регион, Филип Манкџ.
Нападот се случил синоќа во близина на градот Бурферсфорт во северната провинција Лимпопо додека работниците оделе кон рудникот Модиква, со кој раководат компаниите „Африкан реинбоу минералс“ (АРМ) и „Англо американ платинум“.
Компаниите во заедничко соопштение наведоа дека уште 44 работници примиле медицинска помош по нападот.
- Кога полицијата стигнала на местото на несреќата, „автобусот веќе бил изгорен со шестте жртви внатре“, се наведува во соопштението.
Јужноафриканската полиција соопшти дека нуди награда од 500.000 ранди (34.415 евра) за информација која ќе довде до апење на одговорните за нападот.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка