Јапонско списание исмеано поради застарени пораки за жените
Јапонското списание „ЈЈ“ ги советуваше жените да им се восхитуваат на мажите со забелешки од типот: „Звучиш како Сократ”, и беше исмеано во земјата, која инаку, по половата рамноправност, е меѓу најлошите во светот, според статистиката.
Познатото модно списание на младите читателки им препорача да го споредуваат момчето со грчкиот филозоф кога тој „ќе изговори нешто комплицирано“. И, тоа предизвика лавина негативни коментари на Твитер.
Написот притоа објаснува дека ги темели своите сознанија на женски стрип во кој жените ги воздигнуваат мажите и глумат дека се под нивната интелигенција.
Јапонија во 2018 година, имајќи ја предвид родовата рамноправност, беше на 110-то место од 149 земји во извештајот на Светскиот економски форум.
Поради тоа, и премиерот Шинѕо Абе се труди да турка политики кои ќе промовираат јакнење на положбата на жената.
Инаку, на Сократ му се припишува совет: „Секако, оженете се. Ако најдете добра жена, ќе бидете среќни, а ако најдете лоша, ќе станете филозоф”.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња