Бизнис
8. March 2016 - 8:32

Јапонски грантови за пет македонски институции

Неповратни грантови во износ од над 300 илјади евра денеска ќе добијат пет институции од Македонија. Грантовите ги доделува Јапонската Влада за фискалната 2015 година.

Две општини, две здравствени институции и едно училиште ќе добијат неповратна финансиска помош во вкупен износ од 302.020 евра.

Потпишување на грант договорите со новите корисници од Македонија ќе се одржи во просториите на Јапонската канцеларија за врски.