Македонија
9. March 2018 - 8:38

Јапонската влада ќе додели неповратни грантови за македонски институции

Пет здравствени и четири образовни институции од Макдонија денеска ќе потпишат договор за неповратни грантови од Јапонската влада во вредност од 428.066 илјади евра.

Како што инфомираат од Амбасадата на Јапонија договорите кои оваа година се во рамки на „Грант програмата за мали проекти“ ќе ги потпишат добитниците на грантовите и првиот резидентен амбасадор во Македонија, Кеико Ханеда. 

На церемонијата свое обраќање предвидено е да имаат вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерката за образование Рената Дескоска.