Loading Video...
Тенис
26. January 2019 - 14:20

Јапонката, Осака победничка на Австралија Опен

Наоми Осака е новата шампионка на Австралија Опен. 
 
21-годишната Јапонка во финалето на првиот Гренд слем годинава, ја победи чешката тенисерка петра Квитова со 2:1 по сетови 7- 6, 5-7 и 6-4.
 
За Осака ова е втор Гренд слем трофеј, откако првиот го освои пред четири месеци кога триумфираше на УС Опен. 
 
Со оваа победа Осака веќе во понеделник и официјално ќе избие на првото место на ВТА листата. 
 
Утре во машкото финале ќе играат двајцата најдобро рангирани тенисери во моментов Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.