Свет
27. November 2021 - 13:12

Јапонија: Во дополнителниот буџет за 2021 година 163 милијарди долари се за борба против коронавирусот

– Јапонската влада усвои дополнителен буџет за фискалната 2021 година, што вклучува одредена финансиска помош и за борбата против пандемијата, подготвеноста за катастрофи и туризмот.  

Дополнителниот буџет за 2021 година изнесува од 36 трилиони јени (314 милијарди долари), јави Анадолија. Со дополнителниот буџет за борбата против коронавирусот ќе се издвојат 163 милијарди долари.

Исто така, 72 милијарди долари ќе бидат издвоени за програмите наречени „нов капитализам“ ветени од владата пред изборите, а 26 милијарди долари ќе бидат потрошени за помош при катастрофи, вклучувајќи и за подобрување на опремата на релевантните единици на Јапонските одбранбени сили (SDF). За зајакнување на економските активности, вклучувајќи го и домашниот туризам наменети се 15,5 милијарди долари.