Јапонија распореди ракетни системи со голем дострел во својата база во југозападниот дел на земјата

Јапонската армија денеска соопшти дека распоредила ракети со голем дострел на воена база на југозападниот дел од земјата, како дел од активностите за зајакнување на одбранбените способности.
„Јапонија се соочува со најсложен и најнапнат безбедносен контекст од крајот на Втората светска војна, па е клучно да се зајакнат способностите за одвраќање и брза воена реакција“, рече министерот за одбрана Шинџиро Коиѕуми пред новинарите. „Тоа е доказ за непоколебливата увереност и способноста на Јапонија да се брани“.
До март 2028 година јапонската армија планира да распореди ракети „Тип 12“ и на други локации во Јапонија, вклучувајќи го северниот остров Хокаидо и префектурата Мијаџаки.
Станува збор за модернизирани ракетни системи „Тип 12“, развиени и произведени од компанијата „Мицубиши хеви индустри“, оперативно распоредени во базата „Кенгун“ во префектурата Кумамото.
Модернизираната ракета „Тип 12“ има дострел од околу илјада километри, што значи дека оперативниот радиус на системот зафаќа и делови на континентална Кина.
Аналитичарите укажуваат дека распоредувањето таквите ракетни системи значат дека Јапонија може да врши напади на непријателски цели на поголеми растојанија, што според нив значи промена во одбранбената политика на Јапонија каква што е определена со пацифистичкото уставно уредување на земјата.
Во базата „Фуџи“ во префектурата Шизуока денеска во оперативна подготвеност е ставен и т.н. Хиперсоничен планер, дел од новата одбранбена системска опрема на островот.
Јапонија ја смета Кина за главна закана за регионалната безбедност, поради што во последните години ја зајакна одбраната на југозападните острови блиску до Источното Кинеско Море.
МИА
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
