Јапонија протестира поради распоредувањето руски ракетни системи во Пацификот
Јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида денеска изјави дека неговата земја врачила протестна нота до Москва поради распоредувањето на руски ракетни системи на неколку острови во Тихиот Океан, кои Јапонија ги смета за своја територија.
Станува збор за Курилските Острови, за чии суверенитет Јапонија и Русија преговараат речиси 70 години. Најавата на Кишида доаѓа во пресрет на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Токио, најавена за 15 и 16 декември, на која е предвидено проодлжување на разговорите за спорните острови.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе исто така изрази жалење поради потегот на Москва.
- Четирите острови се нераскинлив дел од нашата земја... преку дипломатски канали ние укажавме дека распоредувањето руски ракетни системи се случи без наша согласност и изразивме желење поради тоа, истакна Абе.
Јапонскиот премиер во подобрувањето на односите со Русија гледа како на противтежа на економскиот подем на Кина, па се надева дека заедничкиот економски интерес ќе помогне и во руско-јапонските преговори околу спорните острови.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари