Свет
31. July 2018 - 13:28

Јапонија преживеа катастрофален јули: 330 загинати во поплави, свлечишта и горештини

Годинешниот јули во Јапонија беше еден од најпогубните месеци во таа земја во изминативе години, зошто повеќе од 330 луѓе го загубија животот во катастрофалните временски непогоди.

Првите во низата непогоди беа рекордните дождови кои на почетокот на месецот се истурија во Јапнија, носејќи поплави и одрони на западот од земјата во кои загинаа најмалку 220 луѓе, додека девет лица и натаму се водат како исчезнати и се претпоставува дека загинале.

Потоа следуваа рекордно високи температури, кои достигнаа и до 40 степени Целзиусови, а во гориштините починаа 116 луѓе.

Ова е висока бројка на смртно настрадани, дури и во земја подложна на земјотреси, вулкански ерупции и тајфуни.