Свет
7. January 2016 - 12:33

Јапонија не регистрирала радијација над територијата по севернокорејската нуклеарна проба

Јапонските власти соопштија денеска дека не е регистрирана промена во нивото на радиоактивност над својата територија откако Северна Кореја соопшти вчера дека извршила проба со хидрогенска бомба.

- Немаше никаква посебна промена досега во нивото на радиоактивност по подземната експлозија, наведуваат од Јапонската агенција за нуклеарна регулација.

Според нив, три авиони на јапонските ВВС зеле примероци од воздух над државата и во нив не се откриени промени. Освен тоа, во речиси 300 станици за мерење радиоактивност во државата не е регистрирана промена на нивото на радијација од вчера попладне до денеска наутро по локално време.