Свет
18. May 2019 - 10:47

Јапонија ќе воведува 14-цифрени телефонски броеви

Јапонското Министерство за комуникации планира да подготви 10 милијарди телефонски броеви со по 14 цифри, кои до 2022 година ќе треба да ги заменат сегашните 11-цифрени броеви.

Весникот „Џапан Тајмс“ наведува дека трите најголеми телекомуникациски оператори во Јапонија – „НТТ Докомо“, КДДИ и „СофтБанк“, веќе го прифатиле овој предлог и новите 14-цифрени телефонски броеви ќе почнат да се применуваат до крајот на 2021 година.

Ваквата трансформација се спроведува бидејќи е проценето дека до 2021 година повеќе нема да има слободни телефонски броеви со 11 цифри, поради големата побарувачка.