Свет
21. November 2017 - 8:55

Јапонија и Јужна Кореја го поздравија потегот на Трамп против Пјонгјанг

Јапонија и Јужна Кореја ја поздравија одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп повторно да ја прогласи Северна Кореја за држава која спонзорира терористички групи.

На списокот веќе се наоѓаат Иран, Судан и Сирија и со оваа одлука на Трамп се дополнително се засилуваат санкциите врз Северна Кореја.

Според јапонските и јужнокорејските власти, овој потег на САД ќе помогне дополнително да се засили притисокот врз Пјонгјанг, која работи на развој на ракетно и нуклеарно оружје.

Премиерот на Јапонија Шинзо Абе, и јужнокорејското Министерство за надворешни работи го поздравија потегот на Трамп, кој вчера ја обвини Северна Кореја дека со своите постапки му се заканува на светот со нуклеарна катастрофа, а воедно врши и „терористички напади и убиства во други држави“.

Северна Кореја беше на списокот на поддржувачи на тероризмот од 1988 до 2008 година, поради нејзината улога во уривањето на јужнокорејски авион со 115 патници во 1987 година. Во 2008, земјата беше тргната од овој список со цел да се помогнат преговорите за ставање крај на нејзината нуклеарна програма.