Loading Video...
Ракомет
31. October 2018 - 15:40

Јапонците противници на македонските ракометари на стартот на Мундијалот

Светската ракометна федерација го објави распоредот и саатниците за Мундијалот што на почетокот на следната година ќе се одржи во Германија и Данска. 
 
Репрезентација на Македонија ракометниот Мундијал ќе го започне со дуел против аутсајдерот Јапонија. 
 
Црвено-жолтите се во групата Б, чиј домаќин ќе биде Минхен, а средбата со Јапонија ќе се играм на 11 јануари од 15:30 часот. 
 
По еднодневен одмор ќе следи дуелот против Бахраин (13 јануари од 14:00 часот).
 
Веднаш потоа на 14 јануари следува дуелот против Хрватска (од 18:00 часот). 
 
Последните два меча, нашите ракометари ќе ги одиграат во два дена и тоа на 16 јануари противник ќе биде Шпанија (20:30), а на 17-ти против Исланд (од 18:00 часот). 
 
Понатамошен пласман Мундијал од групата ќе обезбедат само првите три репрезентации.